Како да го излечите својот живот – Лујза Хеј

Како да го излечите својот живот – Лујза Хеј

400.00 ден

Автор: Лујза Хеј
Издавач: ТРИ
Јазик: Македонски
Година: 2020
Оригинален наслов: You can heal your life
Бр. на страни: 264
Димензии: 21
Шифра: 4-008420 Категории: ,

Опис

Лујзa Л. Хеј, авторка на многу бестселери, е светски познат лидер во областа на самопомошта. Нејзината клучна порака гласи: „Ако сме подготвени да ја завршиме менталната работа, речиси сè може да се излекува“. Во Како да го излечите својот живот таа ни нуди длабок увид во односот меѓу умот и телото. „Животот е навистина многу едноставен. Она што го даваме, тоа ни се враќа“, вели таа. „Она што го мислиме за себе, станува вистина за нас. Верувам дека сите, вклучително и јас, сме одговорни за сè што ни се случува во животот – добро или лошо. Секоја мисла што ја создаваме ја формира нашата иднина. Ние ги создаваме своите искуства со нашиот начин на размислување и со чувствата. Мислите што ги вртиме во главата и зборовите што ги кажуваме ги создаваат нашите искуства.“ Полн со идеи и стратегии кои биле успешни за милиони луѓе низ светот, овој практичен водич за самопомош ќе ви го промени начинот на размислување засекогаш! Истражувајќи го начинот на кој ограничувачките мисли и идеи нè контролираат и не ни дозволуваат да напредуваме, Лујза Хеј нуди моќен клуч за разбирање на физичките болести и непријатности. Инспиративна книга која ги трансформирала животите на милиони луѓе, длабоко менувајќи им ја свеста за влијанието што умот го има врз нашето здравје и благосостојба.

 

 

    • Доставата во Струмица се извршува во рок од 1 час, а низ Македонија во рок од 2 до 5 работни дена.
    • Струмица: Бесплатна достава за нарачки над 1000 денари, за нарачки под 1000 денари се наплаќа фиксен надоместок за достава во износ од 50 денари.
    • Цела Македонија: Бесплатна достава за нарачки над 2500 денари, за нарачки под 2500 денари се наплаќа фиксен надоместок за достава во износ од 150 денари.
    • Струмица: Доставата се врши од 09 до 19ч.
    • Цела Македонија: Доставата се врши од 09 до 16ч.