Солена програма

Солена програма

My Home Kitchen е мал бизнис за производство на висококвалитетни природни производи. Горди сме што ги користиме здравите рецепти на нашите баби и дедовци и што на тој начин го славиме нивниот животен стил. Силно веруваме дека традиционалната македонска кујна е совршен доказ дека едноставната храна може да биде и вкусна и нутритивна. Токму поради тоа одлучивме да држиме до оригиналните рецепти, стари 60 години, и да не додаваме непотребни состојки во нашите продукти.

Секој производ под брендот My Home Kitchen е рачно изработен со љубов и огромно внимание. Нашиот производствен процес е дизајниран да му овозможи на тимот на My Home Kitchen да ги претвора нашите свежи, локално произведени и внимателно избрани овошја и зеленчуци во традиционална македонска храна со богат вкус и прекрасни бои. Нашето проиводство е релативно мало поради тоа што автентичноста и квалитетот се на врвот на нашата листа на приоритети.

Ни причинува огромно задоволство што имаме можност да им понудиме на нашите клиенти широка палета на слатки и солени традиционални македонски јадења. Нашата колекција се состои од слатко од тиква со ореви и грозје, пекмез од круша и јаболко, слатко од диви капини, џем од органска слива, лутеница, маринирана долга пиперка, ајвар и многу други неодоливи јадења. Да ги вкусите нашите продукти значи да искусите дел од уникатната убавина на нашата земја.