Политика на приватност

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Ние во Вуго ја препознаваме и почитуваме важноста за одржување на приватноста на нашите корисници и како резултат ние ја воведовме оваа политика на приватност. Оваа политика на приватност ги опишува видовите на информации кои ние ги собираме од и за вас кога вие ја посетувате нашата веб-страница vugo.mk. Оваа политика на приватност исто така опишува како Вуго може да користи и открива такви информации, како и вашата можност за контрола на одредени употреби на истите.

ПРЕГЛЕД

Собирање на информации. Ние може да собираме лични информации како вашето име и презиме, адреса, email адреса, телефон или мобилен телефон, корисничко име и лозинка, геолокација, вашите информации за плаќање во случај ако плаќањето се изврши онлајн, како и не-лични информации за вашето користење на веб-страницата.

Користење на информации. Ние може да ги користиме информациите кои ги собираме од и за вас за да ви овозможиме услуги од веб-страницата, да ви овозможиме таргетирани понуди и реклами на нашата веб-страница, на други веб-страници кои може да ги посетите, како и преку други канали како email, пошта, текстуална порака, а и да ве контактираме кога тоа би било потребно.

Споделување на информации. Ние може да ги споделуваме информациите кои ги собираме од и за вас со нашите соработници, кога би било потребно да ги заштитиме нашите права или да споделиме податоци во корист на судски процес.

СОБИРАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИ

Информации што ни ги овозможувате на нас

Вуго собира информации од вас само кога вие одлучувате да ни ги овозможите. Ова вклучува кога вие ја користите веб-страницата, креирате профил на веб-страницата, купувате преку веб-страницата, барате информации од нас, се приклучувате на нашиот newsletter, пополнувате онлајн форми, учествувате во настани и анкети, или контактирате со нас.

Ние може да собираме лични информации како вашето име и презиме, адреса, поштенски број, email адреса, телефон или мобилен телефон, корисничко име и лозинка, геолокација, вашите информации за плаќање во случај ако плаќањето се изврши онлајн, како и не-лични информации за вашето користење на веб-страницата.

Информации што ги собираме автоматски

Ние може да користиме колачиња, веб тагови, пиксел тагови, лог фајлови или други технологии за автоматско собирање на одредени информации кога вие ја користите нашата веб-страница. Како на пример ние може автоматски да собираме одредени не-лични информации од вас како тип на пребарувач, оперативен систем, верзија на софтвер, интернет протокол (IP) адреси, модел на телефон и оперативен систем на телефон.

Ние може да собираме информации за вашето користење на веб-страницата вклучувајќи дата и време на посета на веб-страницата, полиња или страници на платформата кои вие ги посетувате, колку време одвојувате за користење на веб-страницата, колку пати се навраќате на веб-страницата, широки демографски податоци, дали ги отварате или кликате преку email-ови или реклами, како и други податоци за користење на веб-страницата.

Опции за следење

Одредени делови од нашата веб-страница бараат колачиња. Вие можете слободно да го подесите вашиот пребарувач или оперативен систем за да ограничете одредено следење или да одбиете колачиња, но со тоа можеби нема да можете да користите одредени функции на веб-страницата или целосно да ги искористите сите наши понуди. Проверете го менито “Помош” на вашиот пребарувач, уред или оперативен систем за повеќе информации за тоа како да избришете и/или оневозможите вашиот прелистувач или оперативен систем да прима колачиња или да ги контролирате параметрите за следење.

КОРИСТЕЊЕ НА ИНФОРМАЦИИ

Вуго може да ги користи информациите кои ги собираме од и за вас за некои од следните цели:

  1. За да одговориме на вашите барања, да процесираме и реализираме ваши нарачки, да ги потврдиме вашите квалификации за одредени производи или услуги, да процесираме плаќања и да спречиме трансакциски измами, да овозможиме достава и известувања, како и да контактираме и комуницираме со вас;
  2. Да развиваме нови производи или услуги и да спроведуваме анализи за подобрување на постоечките производи или услуги;
  3. Да ви овозможиме прилагодена содржина од веб-страницата, таргетирани понуди и реклами на веб-страницата или преку email адреса;
  4. Да ве контактираме со информации, со нашиот newsletter и промотивни материјали преку различни канали вклучувајќи но не ограничувајќи се со онлајн, email, поштенски меил и смс пораки;
  5. Да ве контактираме по потреба;
  6. Да имаме преглед на употребата и функциите на нашата веб-страница. Да ги подобруваме производите, содржината, услугите, или да адресираме проблеми со веб-страницата или нашиот бизнис;
  7. Да ги употребуваме вашите податоци во неспецифичен формат за аналитички и демографски цели;
  8. Да управуваме со нашите телекомуникациски мрежи;
  9. Да ги одржуваме интегритетот и безбедноста на нашата веб-страница и нашиот бизнис;
  10. Како што е опишано во делот за собирање на информации.

УСЛУГИ ПОВРЗАНИ СО ТРЕТИ СТРАНИ

Вуго може да соработува со трети страни за да се реализираат функции поврзани со веб-страницата. Трети страни може да имаат пристап само до ваши информации кои се потребни за реализирање на нивните бизнис функции, но не смеат да ги користат или споделуват за други цели.

ЛИНКУВАЊЕ ДО ДРУГИ ВЕБ-СТРАНИЦИ

Нашата веб-страница може да содржи линкови до веб-страници или апликации на трети страни кои имаат различна политика на приватност од нашата. Ние не одговараме за практиките на веб-страници или апликации на трети страни.

НАШАТА ПОСВЕТЕНОСТ КОН ПРИВАТНОСТ НА ДЕЦАТА

Заштитата на приватноста на децата е важна за нас. Ние не ја наменуваме веб-страницата и немаме за цел да собираме и обработуваме лични податоци од деца под 14 години. Во случај дете под 14 години да ги достави своите лични податоци без согласност од неговите/нејзините родители и/или старатели тие треба веднаш да го известат Вуго.

НАШАТА ПОСВЕТЕНОСТ КОН БЕЗБЕДНОСТ НА ПОДАТОЦИ

Ние превземаме одредени физички, административни и технички чекори за да ги заштитиме податоците што ги собираме од и за нашите потрошувачи и посетители на веб-страницата. Нашата веб-страница поседува SSL (Secure Socket Layer) Premium сертификат со цел да се заштитат доверливите податоци кои се праќаат преку интернет вклучувајќи го и интернет плаќањето. Овој сертификат овозможува максимална доверба и заштита при пренос на доверливи податоци, а веб-страниците кои ја поседуват оваа форма се означени со зелена боја во полето за адреса во интернет пребарувачот. Додека правиме максимални напори за да обезбедиме интегритет и безбедност на нашата мрежа и системи, треба да се има на ум дека ниту еден метод за пренос преку интернет или метод за електронско складирање е 100% безбеден.

ПРИСТАП ДО ВАШИТЕ ЛИЧНИ ИНФОРМАЦИИ

За да ги ажурирате вашиот профил и информации за плаќање кои се користат на веб-страницата, можете да се најавите на вашиот контролен панел и да ги внесете промените. Дополнително, доколку некои од вашите лични информации се променат или доколку одлучите повеќе да не ги користите нашите услуги, ние може да ги корегираме, ажурираме, или отстранеме личните податоци кои се доставени до нас. Во случај да имате потреба ние да ги направиме промените, можете да ни испратите email со вашите нови информации на info@vugo.mk и да наведете кои информации треба да се корегират, ажурират или отстранат. Ве молиме да не ни испраќате информации од кредитни или дебитни картички преку email.

ПРИФАЌАЊЕ НА ОВАА ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ ОД ВАША СТРАНА

Кога вие ја посетувате оваа веб-страница тоа значи дека се согласувате со условите на оваа политика на приватност. Доколку не се согласувате со условите на оваа политика на приватност ве молиме да не ја користите веб-страницата. Ние имаме право да ја ажурираме оваа политика на приватност во било кое време, со вашата континуирана употреба на веб-страницата а по објавувањето на промените во политиката на приватност вие се согласувате со промените.

РЕВИЗИИ НА ОВАА ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Вуго го задржува правото да ја ревидира оваа политика на приватност во секое време. Кога тоа ќе се направи, промените ќе бидат објавени на веб-страницата. Доколку се направат промени во политиката на приватност на материјален начин ние соодветно ќе ве известиме.

ДОКОЛКУ ИМАТЕ ПРАШАЊА

Доколку имате било какви прашања во врска со нашата политика на приватност или практиките опишани во неа, можете да не контактирате на info@vugo.mk.

Ажурирано: 18.04.2018